Првиот македонски дуел од осминафиналето во Копа дел Реј меѓу тимовите на Гвадалахара и Синфин Сантандер заврши нерешено, 32-32.
Двобој имаа двајцата велешани, Костадин Петров во домашниот и Дарко Димитриевски во гостинскиот тим, а подобар во голгетерскиот ефект беше Димитриевски, кој постигна седум голови.
Патникот во четвртфиналето ќе биде решен на реваншот во Сантандер на 21 декември, а Синфин ќе биде во предност.
Поради тој натпревар, двајцата македонски репрезентативци ќе му се приклучат на националниот тим директно пред заминувањето за Србија на контролните средби со Кувајт.