Поранешниот хрватски репрезентативец Марко Копљар ќе го продолжи својот престој во Бундес лигата и во следните две сезони.
Десниот бек е еден од ретките ракометари што играл во три топ клуба – Барселона, ПСЖ и Веспрем, но во ниту еден од нив не се пронајде себе си.
Во вистинско издание се покажа по трансферот во Фуксе Берлин, а очигледно и раководството на „лисиците“ е задоволно од неговите изданија па му понуди нов договор.
Копљар потпиша нов двегодишен договор и би требало да остане во Берлин до 2022 година.