Тимот на Штутгарт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, загуби на домашен терен од еден од фаворитите за титулата во Бундес лигата – Кил.
“Зебрите” славеа убедливо со 21-29, а победникот го решија уште во првиот дел, кога направија солидна залиха од шест погодоци, 7-13.
Домаќинот заигра подобро во вториот дел, се доближи на два пати на минус еден, но тоа не беше доволно за да се надева на позитивен резултат од овој натпревар.
Пешевски беше на теренот против Кил, и успеа да постигне два гола од два обиди.