Тренерот на екипата на Корона Брашов, Јон Крациун која беше дисквалификувана од Ракометниот сојуз на Романија и ЕХФ заради кршење на допинг правилата, на прес конференција објасни како неговите ракометарки се нашле во спорната клиника каде што ја примале забранетата интравенска ласерска терапија.
„Нашиот лекар ја пронајде клиниката во која нашите ракометарки би можеле да го забрзаат процесот на опоравување. Ми ја испрати понудата. Му одговорив дека не сакам да се доведам во непријатна ситуација затоа што не знаев за каква процедура се работи, го советував да се обрати на претседателот на клубот. Не знам дали разговарале тие двајца, но кога би знаел каков е тој метод на опоравување на играчите сигурно би ги спречил да не одат таму. Подоцна се консултирав со многу други лекари кои не беа запознаени со оваа процедура“, рече Јон Крацун на прес конференцијата.
Екипата на Корона Брашов е исфрлена и од првенствот на Романија и од Европските натпреварувања, а се очекува да бидат изречени и казните за ракометрките кои ја користеле оваа терапија. Во овој допинг скандал е вклучена и една репрезентативка на Македонија кој е член на тимот на Брашов, Наташа Нолевска.