Тимот на Синфин Сантандер, каде што игра македонскиот репрезентативец Дарко Димитриевски, загуби на домашен терен во Асобал лигата.
Составот на Хелветиа Анаитасуна триумфираше во Сантандер со 29-32 во натпревар од 14 коло, а на полувреме беше 13-14 за гостите.
Димитриевски ја продолжува одличната форма и беше најдобар стрелец во домашниот тим, успеа да постигне осум голови од девет обиди.
Во следното коло Синфин ќе гостува кај Бидасоа Ирун.