Ракометарите на Еурофарм Работник или во иднина Еурофарм Пелистер го одиграа последниот меч на домашен терен во СЕХА лигата, но исто како и во поголемиот дел од средбите сезонава претрпеа пораз од еден гол разлика, 27:28.
Тимот од Битола се бореше во текот на сите 60 минути, но недостигаше малку за да може да се направи нешто повеќе на овој дуел. Беше навистина тешко, но остана без поени, а со тоа веќе нема можност за битка за повисоко место на табелата и остана на девет поени.
ППД Загреб си замина со важни бодови од Битола, а инаку ова беше последниот натпревар за тимот на Еурофарм на домашен терен бидејќи му останаа уште гостувањата во Унгарија и Белорусија.