Тимот на ЧСМ Букурешт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, забележа победа во романскиот шампионат.
ЧСМ на домашен терен славеше против Дунареа Калараши со минимални 27-26 во натпревар од 9. коло, а голем дел од заслугите за триумфот има Георгиевски.
Тој постигна девет погодоци од десет шута, а ист таков учинок имаше и на претходниот натпревар против Темишвар.
ЧСМ Букурешт по девет кола има три победи, четири порази и две нерешени средби, што е доволно само за 9 место на табелата.