Интернационалниот судија од Битола, Димитар Митревски е новиот спортски директор на машките репрезентации. Тој ќе го наследи Милчо Чакарески кој не е повеќе на оваа функција.
„Спортскиот директор на машките репрезентации ќе биде судијата Димитар Митревски, кој долго е присутен во овој спорт. Мојот предлог е тој да биде на оваа функција за Европското првенство. Неговата сегашна активност стартува од денеска и ќе трае заклучно со јануари, односно со завршувањето на шампионатот“, коментираше претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Задачата за Митревски ќе биде од денеска, а дали ќе продолжи и после Европското првенство ќе биде познато после завршување на шампионатот.