Екипата на Овче Поле СУ останува на една победа и тоа онаа забележана уште во првото коло. Ракометарките од Свети Николе сега претрпеа пораз во 4. коло, од составот на Стружанка со 20:28.
Гостинскиот состав од почетокот почна да ја гради предността, а многу брзо имаше позитива од три гола. До полувремето истата беше дуплирана и Стружанка имаше 13:7. Вториот дел почна повторно во знакот на гостинките, со неколку серии со по три-четири гола што го однесе составот на Овче Поле на негатива од девет гола што беше недостижно.
Најдобар стрелец во составот на Овче Поле Су беше Наталија Манева со шест голови, додека кај гостинската екипа Натали Јонооска постигна осум гола за својот тим.
Во следното коло Овче Поле СУ гостува кај Кузман Вардар Илинден, а Стружанка го пречекува шампионот Металург.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СТРУЖАНКА 20:28 (7:13)
Сала: Цар Самоил во Свети Николе. Гледачи: 250. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Мицевска, Стоилова, Јовановска 1, Вучевска 4, Сентовска 4, Манева 6, Костадинова, Ашкилова, Велковска 2, Костова 2, Димчева, Павловса 1, Гигова, Митева, Ташкова.
Седмерци: 5/6,Исклучувања: 4 мин.
СТРУЖАНКА: Митоска, Ристоска, Калајџиевска, Јовичинац 5, Голабоска, Маркоска 4, Дукоска, Переска, Домазетоска, Јоноска, Затуроска, Ѓоршулеска, Балоска, Петресека 2, Делиоска 4.
Седмерци: 2/4, Исклучувања: 8 мин.