Супер машка лига: Охрид и Бутел Скопје во битка за 2. позиција

Последните два меча од 6. коло во Супер машката лига се играат денеска, а на терен ќе се најдат ракометарите на Работнички, Пелистер, Охрид и Бутел Скопје.

Средби се предвидени да се играат во Скопје и во Охрид, а овие дуели беа одложени поради учеството на Пелистер и Бутел Скопје во Купот на ЕХФ.

Први на терен излагаат Работнички и Пелистер од 16 часот во СРЦ „Кале“ каде што се очекува да има интересна пресметка во која сигурно и двете екипи ќе имаат што да покажат на теренот. Нема фаворит, па со тоа може да се очекува убав ракомет.

И во Охрид ќе биде максимално интересно, а ова е битка за 2. позиција. И Охрид и Бутел Скопје сакаат да се најдат пред Пролет, па затоа денеска влогот е голем на овој дуел.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

МЕТАЛУРГ – СТРУГА     32:25 (ИЗВЕШТАЈ)

Шилегов 6, Лазаревски 6, Поповиќ 5 – Кузманоски 7, Новаковиќ 6, Симоноски 5

МЕТАЛУРГ 2 – ВАРДАР ЈУНИОР    30:38 (ИЗВЕШТАЈ)

Мелоски 6, Николовски 6, Стојановиќ 6 – Карапалевски 11, Кукуловски 10, Ќосевски 5

ПРОЛЕТ 62 – РАДОВИШ     36:27 (ИЗВЕШТАЈ)

Поповски 10, Аларов 7, Мајнов 6 – Николов 7, Стојановски 5, Ѓоргиески 4

СРЕДА, 16 ДЕКЕМВРИ

16:00ч

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

19:00ч

ГРК ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ТАБЕЛА: 1. Металург 16 бода (205:150); 2. Пролет 14 (177:163); 3. Охрид 12 (135:110); 4. Бутел Скопје 12 (143:122); 5. Радовиш 9 (190:183); 6. Вардар јуниор 6 (156:185); 7. Пелистер 5 (117:123); 8. Работнички 4 (147:171); 9. Струга 1 (142:168); 10. Металург II 1 (182:219).