Пролет не виде мака против Радовиш

Ракометарите на Пролет во 6. коло од Суперлигата во својата сала Македонско сонце остварија убедлива победа против Радовиш со 36:27.

Пролет имаше одлично издание и продолжува во првенството без пораз. Со овој триумф се искачија на втората позиција веднаш зад Металург. Уште во првиот дел домаќините стигнаа до сигурно водство, Радовиш имаше само почетно водство од 0:1, во продолжението се беше во знакот на Пролет. По првите 30 минути беше 19:12.

Во вториот дел не донесе ништо ново, Пролет со сигурна игра успешно ја одржување предността. Радовиш беше немоќен да стори нешто повеќе на натпреварот, не успеа ниту да се доближи до протовникот. Во финишот избраниците на Никола Матлиески стигнаа до највисоката разлика и нова победа во шампионатот.

Најефикасен во тимот на Пролет и на натпреварот беше Мартин Поповски со дест гола, а Аларов постигна седум. Во екипата на Радовиш со седум гола најпрецизен беше Филип Николов.

ПРОЛЕТ 62 – РАДОВИШ 36:27 ( 19:12)

Сала: Македонско сонце во Скопје. Гледачи: 150. Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ПРОЛЕТ 62: Кристо, Василевски 4, Аларов 7, Поповски 10, Давитковски, Матовски 1, Манев 1, Додевски 1, Коруновски, Андоновски 1, Кизиќ, Џонов 5, Мајнов 6, Блажевски, Стојановски, Игнов.

Седмерци: 3/3. Исклучувања: 22 мин.

РАДОВИШ: Паунов, Стојановски 5, Димов, Ѓоргиевски 4, Долдуров, Ѓорѓиев, Постолов, Фенов 1, Ѓорѓиев, Органџиев 1, Николов 7, Ристов, Тушев, Илиев 3, Трајанов 2, Везенковски 4.

Седмерци: 1/2. Исклучувања: 14 мин.