Тимот на Мешков Брест по тешкиот пораз од Вардар го чека уште еден тежок дуел со унгарскиот гигант Веспрем во Лигата на шампионите.
Затоа раководството на белорускиот првак го испрати во Битола вториот тим на дуел од СЕХА лигата против Еурофарм Работник.
Вториот тим ќе биде „засилен“ со шестмина првотимци кои играа или седеа на клупата против Вардар – Обрадовиќ, Ваилупов, Мацкевич, Селвасјук, Кулак и Јуринок.
Кулак и Јуринок првично не беа планирани за пат во Битола и меч со Еурофарм Работник, но поради повредата на Даниел Андреев, мораа да патуваат со тимот.
Натпреварот меѓу Еурофарм Работник и Мешков Брест се игра денеска во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 19:00 часот.