Тимот на Гвадалараха, каде што настапува македонскиот интернационалец Костадин Петров, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Кралот.
Гвадалахара славеше на гостински терен убедливо со 23-30 над составот на Кордоба и се пласира во следната фаза.
Таму се најде и Синфин Сантандер на Дарко Димитриевски, а ривалите на Синфин и Гвадалахара во осминафиналето ќе бидат познати наскоро.