Магдебург во 11. коло од Бундес лигата гостуваше кај Лајпциг и оствари победа од 26:25. Со оглед на тежината на првнството на ракометарите им е неопходно опуштање после натпреварите, а во Германија тоа стандардно се прави со пиво во соблекувалната.
Пред последното гостување на социјалните мрежи од клубот објавија фотографија на која се гледа дека освен спортската опрема, меѓу првите работи кои беа во автобусот беше гајба пиво. Со оглед на тоа што остварија победа, пивото сигурно набрзина го снемало од соблекувалната.