Белорускиот шаммпион Мешков Брест во победничка атмосфера доаѓа на гостувањето во Скопје кај Вардар, откако забележа убедлив триумф во домашниот шампионат.
Раул Алонсо имаше комбиниран тим на располагање, но и покрај тоа, Мешков славеше против БГУФК СКА со 37-24, иако на полувреме беше само три разлика, 17-14.
Најдобри стрелци беа десното крило Дарко Ѓукиќ со осум голови, а четири погодоци постигна средниот бек Артем Кулак.
Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра в недела со почеток од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.