Репрезентативката на Романија и член на ЧСМ Букурешт, Кристина Неагу се врати на терените после 11 месеци после тешката повреда на коленото. Нејзиниот прв меч по повредата беше на гостувањето кај Лублин во Лигата на шампиони.
Неагу минатата година во декември на Европското првенство во Франција ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено. Несреќната Романка претходно имаше уште две тешки повреди, скинати лигаменти на левото колено и повреда на рамото на шутерската рака.
„Пресреќна сум, ова беше специјален меч за мене затоа што се враќам десет месеци после операцијата. Преживеав тешки моменти, имав проблеми со двете колена, а опоравувањето не одеше според посакуваното. Фактот што ги одиграв првите минути тука многу ми значи и се надевам дека ќе бидам добро за да играм и следната недела во Лигата на шампионите, а потоа и во домашното првенство“, изјави Неагу.
Сите во Романија се надеваат дека откако се врати на терените, Неагу ќе биде подготвена за Светското првенство во Јапонија каде што главна цел на Романија е пласман на Олиписките игри нарендата година.