Натпреварите од 7. коло донесоа едно изненадување така што останаа само две екипи во Женската лига кои имаат досега стопроцентно одработување на задачата, а се очекува после 8. коло и да се израмнат.
Металург има 21 бод од седум натпревари, додека Куманово 18 од шест одиграни средби. Оттаму откако Металург ќе биде слободен во следното коло ќе почне трката за врвот, а кој ќе го финишира првиот дел на врвот ќе се види после меѓусебната пресметка.
Изненадувањето во 7. коло се случи во Чаир каде што истоимениот тим дојде до триумф против Вардар од 28:27 и тука практично дојде резултатот кој никој не го очекуваше бидејќи гостинките беа фаворитки. Сепак, неколку поранешни вардарки успеаја да се снајдат на теренот и да ги совладаат младите колешки кои сега го носат „црвено-црниот“ дрес.
Оттаму Вардар и Чаир сега заостануваат, но се израмнети и имаат по 15 поени.
ЖЕНСКА ЛИГА
РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО 18:39 (ИЗВЕШТАЈ)
Србиновска 7, Донева 4, Петровска 3 – Трајковиќ 7, Чокели 7, Јанкуловска 6
ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ 23:45 (ИЗВЕШТАЈ)
Анчева 6, Милосављевиќ 4, Стојанова 4 – Граматова 8, Тасевска 6, Божиновска 6
СТРУЖАНКА – СПАРТАК 31:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Маркоска 11, Затуроска 5, Делиоска 5 – Стефановска 10, Андонова 4, Костадиновска 4
ЧАИР – ВАРДАР 28:27 (ИЗВЕШТАЈ)
А. Николовска 10, Рахмани 6, М. Николовска 5 – Седлоска 9, Галевска 4, Диневска 3
ДЕСПИНА – ГЕВГЕЛИЈА 26:20 (ИЗВЕШТАЈ)
Камческа 9, Јовеска 7, Е. Рипилоска 4 – Митрова 6, Митревска 6, Пецевска 5
КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – АЛУШОВСКИ 24:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Филипова 7, Блажевска 6, Русевска 5 – Георгиевска 8, Николовска 8, Божиновска 6
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ беше слободно
СЛЕДНО, 8. КОЛО (02/03.11.2019)
СПАРТАК – КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН
ГЕВГЕЛИЈА – КУМАНОВО
ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР
ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
АЛУШОВСКИ – ПЕЛИСТЕР
МЕТАЛУРГ е слободен
ТАБЕЛА: 1. Металург 21 бод (278:122), 2. Куманово 18 (221:125); 3. Вардар 15 (208:137); 4. Чаир 15 (181:152); 5. Стружанка 12 (208:178); 6. Деспина 12 (183:198); 7. Спартак 7 (177:203); 8. Гевгелија 7 (135:178); 9. Пелистер 6 (166:211); 10. Овче Поле СУ 3 (142:161); 11. Ѓорче Петров 3 (127:180); 12. Алушовски 3 (167:243); 13. Кузман Вардар Илинден 3 (141:246).