Добра серија на Стружанка, триумф и против Спартак

Ракометарките на Стружанка стигнаа до четвртата победа, а трета во серија во првенството на Македонија за жени. Во 7. коло тие беа подобри од Спартак на свој терен со 31:25.

Во текот на првото полувреме екипите беа израмнети, никој не успеа да направи поголема разлика. Најмногу што направија беше два гола предност, колку и што беше на полувремето во корист на домаќинот. По 30. минути игра беше 16:14.

Спартак добро го започна второто полувреме и успеа да стигне до израмнување на 16:16, но до крајот Стружанка не дозволи изненадување. Направиј серија од 4:0 со што го решја победникот. Сите напори на Спартак за позитивен резултат беа одбиени. Со оваа победа Стружаннка се одржува на средината на табелата.

Најефикасна на натпреварот беше Теодора Маркоска од екипата на Стружанка со 22 гола. А во тимот на Спартак со десет погодоци најобра беше Мартина Стефановска.

СТРУЖАНКА – СПАРТАК 31:25 (16:14)

Сала: Нико Нестор во Струга. Гледачи: 300. Судии: Александар Марковски и Иван Илиевски од Битола. Делегат: Васко Дјаковски од Кичево.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ристоска, Калајџиевска, Јовчинац 2, Голабоска, Маркоска 11, Дукоска 1, Переска 2, Затуроска, Јоноска 3, И.Затуроска 5, Ѓоршулеска, Балоска, Петреска 1, Делиоска 5, Јусуфи 1.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 10 мин.

СПАРТАК: Филиповска, Неделковска, Андонова 4, Китановска 3, Костадиновска 4, Георгиевска, Стефановска 10, Величковска 1, Димитрова 1, Лазаровска, Кузмановска, Кимовска 2, Домазетовска.

Седмерци: 6/9. Исклучувања: 8 мин.