Комисијата за организирање и спроведување на натпреварите во Ракометната федерација на Русија донесе одлука за суспензија од три натрпевари за играчот на Спартак Москва и поранешен член на Вардар, Александер Деревен.
Тој на претпоследниот натпревар од руското првенство против Викѕот, во последната минута од мечот ги навредувал судиите и добил син картон. Левиот бек на Спартак Москва и потоа продолжил со протестите, па ќе мора да паузира три натпревари во домашното првенство.
Освен што ќе паузира, Деревен ќе мора да плати и парична казна на ракоментата федерација на Русија. Сметката на ракометарот ќе биде полесна за 25.000 руски рубљи што е околу 400 евра.
Александар Деревен беше дел од Вардар во периодот од 2015 до 2017 година.