Денеска Советот на Општина Битола на вонредна седница, конечно го изгласа договорот за долго најавуваната фузија на двата битолски тима, Еурофарм Работник и Пелистер.
Новиот тим ќе се вика Еурофарм Пелистер што практично ќе биде составот на Еурофарм Работник, додека вториот тим, односно Пелистер ќе се вика Еурофарм Пелистер 2.
Наскоро треба да се потпише и договорот меѓу градоначалникот на Битола, Наташа Петровска и претставниците на компанија Еурофарм.
Планираниот заеднички буџет за двете битолски екипи ќе биде околу еден милион евра, а дресовите оваа сезона нема да се менуваат.
Од следната година, покрај сино-белата комбинација, тимот ќе настапува и зелено-бела.