Тимот на Еурофарм Работник го забележа првиот пораз во регионалната СЕХА лига, откако загуби на гости кај Загреб со еден гол разлика, 24-23. Но нема многу време за одмор за избраниците на Стевче Алушовски, бидејќи ги чека нова средба од ова натпреварување и гостување кај белорускиот првак Мешков Брест.
На дуелот во Белорусија нема да настапи десниот бек Невен Стјепановиќ, кој заработи повреда против Загреб, а Алушовски има две алтернативи во Мартин Велковски и Михаил Петровски.
„Фармацевтите“ се вратија во македонската престолнина по средбата со Загреб, но да за да не се губи време во пат, не се враќаа во Битола и останаа во Скопје, па тренираа во СЦ „Борис Трајковски“. Утре ги чека лет до Варшава, а оттаму со автобус ќе се упатат до градот на полско-белоруската граница, Брест.
Средбата во салата „Викторија“ се игра во вторник со почеток во 17:15 часот.