Писонеро: Играчите се уморни од патувања, но наша одговорност е да се бориме за бодовите

Ракометарите на Вардар по дуелот со Мотор во Запорожје во Лигата на шампионите, продолжуваат со натреварите во регионалната СЕХА лига. Тренерот Давид Писонеро вели дека Вардар оди на победа кај Татран Прешов.

„Се подготвувавме за овој дуел, иако имавме малку време заради нашето гостување во Запорожје. Секогаш одиме на победа, без разлика на сè, па така ќе биде и против Татран, кој добро го познаваме. Знаеме дека играчите се уморни од долгите патувања и густиот распоред, но наша одговорност е да се бориме за трите бода, без разлика кој колку минути ќе игра на теренот“, изјави Писонеро.

Натпреварот меѓу Татран Прешов и Вардар се игра вечерва со почеток во 20:45 часот.