62 ракометни клуба добија финансиска помош од АМС – по 14.500 денари за април и за мај! (ФОТО)

Агенцијата за млади и спорт ја реализира втората мерка од најавениот пакет мерки за систематска поддршка на спортот, а се однесува на спортските клубови кои работат со младински категории.

Вкупно 17 милиони денари се распределени на 586 спортски клубови (62 ракометни) кои работат со младински категории.

Сите овие клубови ќе бидат корисници на паричен надоместок во висина од 29.000 денари, за месеците април и мај.

Кога оваа сума ќе биде намалена за данокот, на крајот клубовите ќе добијат по 13.050 денари по месец или вкупно 26.100 денари.