24АНАЛИЗА: Примаме 39 гола, без жолт картон, без исклучување – така не се победува сериозна репрезентација

Речиси се што предвидувавме во нашите анализи претходно, се оствари на теренот. Напаѓачки, и покрај големиот број на технички грешки, успеавме на една Франција да и дадеме 29 гола, што тоа за нас како репрезентација е голем успех. Значи кога на една Франција и дадовме околу 30 гола, можеме да играме напаѓачки со сите репрезентации на светот.

Тоа што го предвидувавме дека ни е проблем, се покажа во најголема смисла, не можеме да добиеме ниту еден натпревар со сериозна европска репрезентација, доколку примаме по 40 гола, ниту во натпревар каде што нашиот голман имаше солидно издание, 10 одбрани. Значи ние примаме 39 гола со солиден голман, а примаме 39 гола без ниту еден жолт картон, без ниту едно исклучување, без ниту едно удвојување во игра, така не можеме да добиеме ниту една сериозна европска репрезентација.

Добри бевме во напад, но во одбрана треба многу да се подобриме. Нашите играчи беа поставени на своите места во одбрана како што треба, но немаше никаква агресивност, удвојување, помагање, немаше желба за игра во одбрана. Ракометарите воопшто не играа одбрана, единствен, кој, најмалку играше во одбрана, а јас би го ставил 60 минути, е кружниот напаѓач Милан Лазаревски, Тој доби најмала минутажа, но беше најактивен во одбрана. Имаме играчи кои играат одбрана, можи со Талески, тука е и Кузмановски, кој не треба да се чува само за напад, го имаме искусниот Маркоски, целосно сум разочаран од играта во одбрана од Јагуриновски и Велковски, можеби имаа слаб ден во напад, не беа опасни во напад, но во одбрана не направија ниту еден фаул. Доколку сакаме да победиме некого, не можи тоа без исклучувања и силна агресивност…

Игравме со една Франција, која е многу посилна физички од нас, но не покажавме дека можеме да ги сопреме. Ги гледавме како постигнуваат голови без никаков проблем. Во напад не разочаравме, мислам дека со подобра игра во одбрана и со подобра агресивност, уште подобро ќе ја претставевме нашата мала земја на ова големо натпреварување. Добро го отворивме натпреварот, како што се и очекуваше, со една замена во напад и одбрана, мислам дека на таа ,,двојка” во одбрана Џонов не можи да одговори, француската репрезентација добро ја анализирала играта на Македонија, на почеток на натпреварот Фабрегас лесно постигнуваше голови, мислам дека Петар Атанасијевиќ може многу повеќе да се користи на таа позиција и Филип Кузмановски повеќе да игра во одбрана.

Иако многу пати брзавме, тоа бргу се заборава и на поставена 6-0 француска одбрана, добро игравме и се држевме и на 6-6 игра, покажавме дека имаме решение и во играта 7-6, со два пикери, штета што Кузмановски на 10-8 ја промаши контрата, во 15-та минута Лазаров смени 5 на 1, но Франција добро се справи со тоа, имаа вишок и многу реализации. Штета што кон средината на првото полувреме не фати мала криза, направивме четири технички грешки, се виде дека Лазаревски беше импресиониран на почетокот, промаши две топки, меѓутоа, мислам дека добивме голем играч на денешниот натпревар, Лазаревски покажа дека е многу одличен во одбрана, значи добивме пикер кој го бараме со години, пикер што може да игра во два правци, тука го добивме Митев, кој може да има солидна минутажа, би рекол има позитивни страни денешниот натпревар, единствено, сите сме лути што во одбрана остававме Франција да си игра како што сака со нас. Можеби Франција водството од 17-13 на полувреме не го заслужи, заслуживме доста подобар резултат, покажавме разновидност во нападот, бевме еден достоен ривал. Во вториот дел продолживме со лошата игра во одбрана, продолживмесо техничките грешки, штета што Митревски не го искористивме за помал пораз, бидејќи правевме многу грешки во напад, тоа го рековме и пред натпреварот, дека може да се држеме со Франција доколку ги намалиме техничките грешки.

Имаме четири дена одмор, мислам дека нашите не се уморија толку на денешниот дуел, беше еден релаксирачки натпревар, победникот се знаеше предвреме. Уште еднаш покажавме дека со Лазаров како селектор подобро играме во нападот, за разлика од минатото, и за разлика кога ги имавме најдобрите успеси, покажавме дрскост да даваме голови против најквалитетната одбрана на светот, значи тоа треба да го задржиме за наредните два натпревари, разновидноста во нападот, сигурно и десните бекови треба повеќе да пружат во нападот, не треба никакво разочарување, ова е добро издание, можеби очекувавме малку повеќе, за следните натпревари ќе треба да го задржиме тоа што го играме во напад, да ги намалиме техничките грешки, доколку сакаме да добиеме некој натпревар, а во одбрана мора стручниот штаб да ги постави играчите на соодветни места, како што би било најдобро, мора да има борбеност, движење, агресивност, помагање, значи не може да добиеме натпревар на ЕП без исклучување и агресивност. Мора да покажеме заби во одбрана, имаме снажни играчи, имаме ротација во одбрана, меѓутоа треба поамагње заеднички, спојување, доколку го поправиме тој сегмент, нашата репрезентација вака би играла против сите.

*Горан Андоновски е поранешен репрезентативец кој настапи за Македонија на првото учество на Европските првенства во Италија во 1998 година. Во играчката кариера настапуваше за Охрид, Преспа Јафа Промет со која играше во Лигата на шампионите, Пелистер, Вардар…Во тренерската кариера го водеше Охрид до место во Европа, а беше дел и од кавадаречки Тиквеш, пред да се врати во родниот град.