🔴ВО ЖИВО🔴 Македонија – Литванија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска против Литванија ќе го одигра последниот квалификациски натпревар за ЕП 2024.

По победата над Азербејџан во претходното квалификациско коло, македонската репрезентација го потврди пласманот на континенталниот собир.

Денешниот дуел против балтичката земја нема да има никакво резултатско значење, но „црвено-жолтите“ ќе посакуваат со победа да го прослават пласманот на големото натпреварување.

Натпреварот меѓу Македонија и Литванија ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а може да го гледате ТУКА.