📷Шампионот ги „запали“ моторите за разигрувањето за титулата

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната.

Под водство на стручниот штаб и тренерот Бранислав Ангеловски ракометарите го одработија првиот тренинг.

Девет репрезентативци од битолскиот клуб се дел од Европското првенство, а Калифа Гедбан се подготвува за Африканскиот Куп на нации.

Тие ќе се приклучат кон подготовките по завршувањето на репрезентативните обврски, односно континентналните натпреварувања.

Екипата на Еурофарм Пелистер деновиве ќе тренира во спортската сала „Боро Чурлевски“, а по комплетирањето предвидени се неколку контролни натпревари.