📷 Фудбалската легенда Седлоски се радува на успехот – Андреа го направи горд

Женската сениорска репрезентација на Македонија со победа го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024, на кое од поодамна го обезбеди пласманот.

Во СЦ „Борис Трајковски“ гостуваше репрезентацијата на Литванија, која на дуелот со „црвено-жолтите“ парираше петнаесетина минута, потоа сѐ започна да се одвива во посакуваната насока на домашниот табор.

Македонија против Литванија триумфираше со десет гола разлика, 34:24, a една од предводничките во убедливата победа над балтичката земја беше Андреа Седлоска, која постигна шест погодоци.

Младата репрезентативка пласманот на Европското првенство освен со колешките го прослави и со своето семејство. Имено, Андреа е ќерка на поранешниот фудбалски репрезентативец Гоце Седлоски.

Европското првенство 2024 ќе се одржува во три земји – Австрија, Швајцарија и Унгарија.

📷 Ѕирнете во соблекувалната – претседателот Мукаетов славеше со „лавиците“

 

📷Македонија победнички оди на ЕП!