Giorgi TSKHOVREBADZE and Tite KALANDADZE (coach), Bosnia and Herzegovina vs Georgia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Mannheim, Germany, 15.01.2024, Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

🎥Каланадзе со „Македонските Грузијци“ ја оствари првата победа на ЕП!

Репрезентацијата на Грузија, која заедно со Грција и Фарски Острови, беше дебитант на Европското првенство 2024, во последното коло од групната фаза славеше на БиХ со 22:19.

Иако Грузија отвори лошо во дуелот со составот на Ирфан Смајлагиќ, губеше со 8:2, сепак, во вториот дел се надмина себеси и со победа го заврши настапот на континенталниот собир.

Актуелен селектор на Грузија е некогашниот ракометар на Вардар, Тите Каланадзе. Тој во текот на месец октомври, 2022, беше назначен за предводник на Грузија и одлично ја подготви репрезентацијата за дебитанскиот настап.

Голем удел во победата на Грузија против БиХ имаше актуелниот член на Охрид, Теимураз Орјоникидзе, кој постигна три погодоци.

Поранешниот голман на Охрид и Прилеп, Зураб Цинцадзе, натпреварот го заврши со осум интервенции, додека некогашната желба на Вардар, Гиорги Цковребадзе, ја предводеше листата на стрелци со седум погодоци, но младиот ракометар имаше и неколку асистенции кон своите колеги.

Втор стрелец во победничкиот табор беше екс ракометарот на Струга, Гиорги Дикаминџија, со пет погодоци, три реализации имаше Иракли Кбилашвили, ракометар кој мина краток период во редовите на Металург.

 

 

 

Полска го доби дуелот со Фарски Острови, Грузија со пресврт до победа над БиХ