🎥Драма на ждрепката за ЕП: Имаше повторување откако Србија се најде во група со Косово

Денеска во Копенхаген беше извршена ждрепката за квалификациските групи за Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

На ждрепката се случи еден непријатен момент. Имено, репрезентацијата на Србија беше извлечена во група со косовската репрезентација.

Поради политички причини, како и постојаните тензии на Косово и Метохија, веќе со години овие две репрезентации не можат да играат меѓусебе во сите категории.

Ждребот за Србија мораше да биде повторен, па така избраниците на Борис Ројевиќ се најдоа во четвртата квалификациска група.

Србија во квалификациите за ривали ги доби Шпанија, Италија и репрезентацијата на Летонија.

Пласман на континенталниот собир ќе обезбедат прво и второпласираните репрезентации, како и четири од осумте третопласирани селекции во квалификациските групи.

*Моментот на кој Србија се паѓа во група со Косово може да го погледнете во видеот прилогот.

Србите, Црногорците и Хрватите добија ривали по мерка во квалификациите за ЕП