🎥Авион, па автобус – ракометарите се „чекираа“ во ладниот Диселдорф

Делегацијата на македонската машка репрезентација пристигна на конечната дестинација – германскиот град Диселдорф, каде ги пречекаа минусни температури.

Тие патуваа со авион до Дортмунд, а потоа со автобус до Диселдорф и веќе се „чекираа“ во хотелот каде што ќе бидат сместени, па може сите мисли да ги насочат кон првиот предизвик.

За денеска и за утре селекторот Кире Лазаров има испланирано тренинзи, па потоа ќе одреди кои 16 ракометари ќе настапат на првиот натпревар.

Македонија првиот меч на ЕП го игра против Франција на 10 јануари од 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

Освен со Франција, македонската репрезентација на континенталниот собир ќе игра и против Швајцарија и домашната селекција – Германија.

Лазаров ќе носи 18 ракометари на ЕП, еве кој отпадна од комбинација