🎥Атракцијата на Саздовска во Баку во ТОП 5 голови на колото

Во вторникот женската сениорска репрезентација на Македонија на гостувањето кај Азербејџан успеа без многу проблеми да триумфира со 37:22 и си го завери пласманот на континенталниот собир 2024.

Една од поискусните во репрезентацијата на Македонија, Јована Саздовска, беше најефикасна во убедливата победа, постигна седум погодоци во мрежата на домашната селекција.

Медиа тимот на ЕХФ ги одбра најубавите пет погодоци во петтото квалификациско коло, а токму Саздовска го има вториот најубав гол.

Левото крило во финишот на натпреварот на атрактивен начин успеа со удар од зад грб да погоди во голот на домаќинките.