Џамбо призна каде грешел: Водев инает, имав 216 килограми и не сакав да ослабнам!

„Главно е дека јас не бев психички силен сето тоа да го изнесам како што треба и кога требаше да поентирам, не знаев како да го искористам тоа. Психички потонав и водев некој глупав инат, кој лошо се одрази само на мене“ - истакна Милиќ.

Наместо да биде прв голман на Вардар во сезоната во која црвено-црните во Лигата на шампионите ќе истрчаа како бранители на титулата, чуварот на мрежата Страхиња Милиќ неславно замина од Вардар. Официјалната причина беше „кавгата“ меѓу голманот и тренерот Раул Гонзалез поради преголемата тежина, која се чини банална и несериозна, но тоа бил еден начин на кој Џамбо се обидувал да пркоси во моментот.

„Проблемите траеја долго пред килажата, килограмите дојдоа во еден таков момент. Јас водев инат, сите работи земаа замав, а потоа немав ниту волја, ниту желба да се ставам во ред, не прифатив да ослабам и се разделив со клубот… Килограмите пресудија, најголемата тежина што сум ја имал беа 216 килограми, но имаше тука и други проблеми за кои не сакам да зборувам затоа што сето тоа е минато. Главно е дека јас не бев психички силен сето тоа да го изнесам како што треба и кога требаше да поентирам, не знаев како да го искористам тоа. Психички потонав и водев некој глупав инат, кој лошо се одрази само на мене. Сам сум си виновен за се. На пример ќе го споменам Игор Карачиќ, кој исто некое време имаше лоша тортура, а на крајот беше МВП на Ф4 во Лигата на шампионите. Кога го гледав тоа ми беше многу мило, дури и заплакав. Игор беше психички посилен од мене, издржа се, за разлика од мене… Јас го направив она што го направив и кога ќе погледнам од денешна перспектива, направив голема грешка.“

Целото интервју со Страхиња Милиќ прочитајте го ТУКА.