Ќе следи ревизија на сите ракометни Правилници за лигите

Во новата натпреварувачка сезона ќе има целосна ревизија на сите Правилници за натпреварување и во сите лиги. По проблемите со кои се соочи РФМ сезонава реши да ги „прочисти“ сегашните правилници и да стави членови со кои ќе се избегнат злоупотребите.

Презентирајќи ги промените во правилата на ракометната игра пред тренерите на смеинарот што денеска се одржува во Охрид, Камер Металари долгогодишен судија а сега и делагат, и член на Натпреварувачката комисија при РФМ најави „чешлање“ на сите правилници.

Тој процес е веќе почнат и кога ќе има Конфенерција на клубови ќе им бидат доставени на сите клубови во секоја лига.

Сезонава имаше случаи кога клубови не одиграа натпревари, но за разлика од порани годинава во Правилниците недоставува некои членови со кои се санкционира неоправданото неиграње натпревари, но и однесување на поединци. Исто така ќе бидат вметнати нови членови за ситуации што не биле предвидени значат намерно заобоколување на пропозициите.

Тренерите први добија потврда: Од 2024 (ќе) имаме две Супер лиги!