Ќе се смират ли страстите меѓу Полман и Есбјерг?

Репрезентативката на Холандија, Еставана Полман и данскиот суперлигаш Есбјерг сѐ уште не постигнале договор за понатамошна соработка, пренесува данската телевизија „Спорт ТВ2“.

За потсетување, Ејсберг ја суспендираше Полман, односно ја отстрани од тимот, иако сѐ уште и плаќа плата, откако искусната ракометарка одби да влезе на терен за време на натпреварот против Подравка во Лигата на шампионите.

Полман со екипата на Есбјерг, која учествуваше на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, има договор со важност до јуни, 2023 година, но клубот пред извесен период во официјално соопштение за медиумите информираше дека ја прекинува соработката со ракометарката од Холандија.

Сепак, ракометниот сојуз на Данска го информираше Есбјерг дека мора да се договори со Еставана Полман, односно двете страни да се договорот околу нејзината иднина. Есбјерг ќе мора да одлучи дали ќе ја задржи Полман во своите редови или пак ќе ја прати на позајмица во друг клуб.

Третата варијанта, која е најдобро решение е договорот на Полман да го откупи клуб кој е заинтересиран за нејзините услуги. Доколку не дојде до решение, ракометарката ќе поднесе барање до арбитражниот суд на ракометниот сојуз на Данска, кој најверојатно ќе донесе конечна пресуда.

Холанѓанката во редовите на Есбјерг настапува од 2013 година и за данскиот клуб има одиграно 240 натпревари и постигнато 1270 голови. Со тој учинок, Полман е најдобрата ракометарка во историјата на еден од најдобрите дански клубови.