Ќе се најде ли јунак да ги запре Порто и Митревски

Тимот на Порто продолжува со победничката серија во португалскиот шампионат, откако забележа 23 триумфи на 23 натпревари.

На последниот дуел, Порто на гости триумфираше кај тимот на Спортинг Хорта со убедливи 28-35.

Митревски и Секељ одлично си ја завршија работата на голот, додека во нападот Бранкињо беше најдобар стрелец со осум погодоци.

До крајот на сезоната, Порто има уште седум меча, од кои домашен на 8 мај против Спортинг Лисабон, а на 15 мај гостински со Бенфика.

Исто така Порто е четвртфиналист во Купот, па и во оваа конкуренција Митревски и соиграчите ги очекува уште најмалку еден, а најмногу три меча.