Ќе пукне ли трансфер бомба – Саудијците му нудат 6 милиони долари на Хансен

Репрезентативецот на Данска, Микел Хансен, кој неодамна се врати на терените откако паузираше одреден временски период поради стресниот период низ кој минуваше, има богата понуда за да се пресели во Саудиска Арабија.

Според непотврдени информации, тунискиот новинар Рамзи Бен Тахер на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели дека клуб од Судиска Арабија му нуди на Хансен понуда која е вредна неверојатни шест милиони долари.

Засега, не е познато кој клуб од Саудиска Арабија е заинтересиран и подготвен да издвои толку голема сума на пари за услугите на данскиот репрезентативец.

Доколку шпекулациите се вистините, тогаш тимот на Алборг во Битола ќе пристигне без Хансен, со оглед на тоа дека данскиот вицепрвак е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во рамки од Лигата на шампионите.

Алборг првиот меч со Еурофарм Пелистер го игра на 20 септември на свој терен, додека вториот дуел меѓу двете екипи е закажан за 28 февруари, 2024 година, во Битола.

За време на летниот трансфер, неколку клубови од Саудиска Арабија ангажираа големи ракометни имиња.