Ќе одиграат три меча од Лигата на шампионите за осум дена

Ракометарките на ЧСМ Букурешт имаат добра шанса првиот дел од групната фаза да го завршат на првата позиција на табелата во Лигата на шампиони за жени.

До паузата на романскиот тим му преостануваат уште два натпревари против Ростов на 19 ноември и Битигхајм на 22 ноември. Овие два натпревари ЧСМ Букурешт ќе ги игра на домашен терен со што ќе одигра вкупно три натпревари во својата сала за осум дена.

Во саботата ЧСМ беше изненаден на домашен терен од Крим и освои само бод. Сепак олеснителна околност во овој згуснат распоред е што натпреварите ги играат дома па нема да имаат дополнителни проблеми со патувања и аеродроми.

И покрај тоа што клубот има проблем со неисплатени плати ракометарките ја одработуваат задачата максимално професионално и прикажуваат одлични игри. ЧСМ е на водечката позиција на табелата со 11 бода колку што има и нивниот следен противник Ростов.