„Ќе му испратам шампионска маичка на Јохансон – ги даваме на сите заслужни за нашите резултати“

Претседателот на романската екипа Валчеа, Флорин Вергиану, одговори на нападите на шведскиот тренер во ЧСМ Букурешт, Пер Јохансон.

Претходно, федерациајта на Романија означи крај на превнстото без шампиони, но за место во европските купови за наредната сезона ќе важат резултатите од претхоодната сезона. Ова предизвика бурни реакции од страна на сите во ЧСМ Букурешт, со оглед на тоа што Валчеа ќе игра директно во групите.

„Не разбирам зошто Пер Јохансон е  толку вознемирен. Кога пристигна во Букурешт, клубот беше на второто место. Тој не се откажа и ја продолжи борбата. Од 18 кола на романскиот шампионат, неговиот тим беше на второто место на 17 кола. Што се однесува до неговите изјави дека Валчеа е всушност на второ место, можам да кажам дека тој веројатно не се чувствувал добро кога го гледал конечниот пласман. Ќе му испратам на Пер Јохансон шампионска маица – ние им ја даваме на сите што придонеле за резултатот на тимот“, рече Вергиану за prosport.ro.

Раководството на ЧСМ Букурешт смета дека е неправедно Валчеа да има директен пласман во Лигата на шампионите и најавија жалба до Арбитражниот суд.