Ќе има славје кај вардарци – Патрик Валчак вторпат стана татко

Полскиот репрезентативец и ракометар на македонскиот првак Вардар, Патрик Валчак, по вторпат стана татко.

Неговата сопруга Анита на свет донесе девојче, а името допрва ќе биде избрано. Кружниот напаѓач има уште една ќерка.

Оваа радосна вест доаѓа како утеха за поразот од Кил во Лигата на шампионите и сигурно ќе подобри расположението кај вардарци.

Валчак од минатото лето е член на „црвено-црниот“ тим и ја одработува втората година од договорот.