Ќе има свадба кај „фармацевтите“ – Гоце Ојлески стави крај на ергенскиот живот (ФОТО)

Овие неколку дена по ред, многу од македонските ракометари решија да му стават крај на ергенскиот живот.

По Крсте Андоновски, Мартин Манасков, Бојан Маџовски, на редот дојде и левото крило Гоце Ојлески од Еурофарм Пелистер.

Тој реши да започне нова животна етапа и ја побара за сопруга долгодишната девојка Елена Стојчева, која одговори потврдно.

Стружанецот претходно потпиша нов договор со битолскиот клуб, а наскоро ќе потпише уште еден, најважниот животен договор.