Ќе извиси ли Македонија за СП: ИХФ тврди дека шест селекции од Азија одат на СП

Иако шампионатот на Азија остана со 11 репрезентации после откажувањето на Катар, овој континент најверојатно ќе остане со право на шест учесници на Мундијалот во Шпанија во декември што значи дека Македонија и понатаму ќе остане на првото место на Листата на резерви.

Правилото на ИХФ да мора да има барем двојно учесници на шампионатот од бројката која треба да се пласира на Светското првенство е нарушена бидејќи има 11 учесници, а шест влезници за шампионатот. Од ИХФ тврдат дека остануваат шестте места за Азија што значи дека Македонија може да извиси.

Ваквите информации објавени на интернет страната на ИХФ се контра од она што Светската ракометна репрезентација го имаше објавено претходно така што Македонија и понатаму останува на листата на чекање.

Пред два дена се чинеше дека Македонија веќе има место после откажувањето на Катар од шампионатот на Азија. Сепак, новите информации не се така позитивни, па ќе мора да се почекаат нови вести доколку некој се повлече после добивањето на виза за учество.

Првенството на Азија почнува утре, а кои селекции ќе се пласираат на Светското првенство (10-22 декември, Шпанија) ќе биде познато на 25 септември.

Подарок од Катар – Македонија пред пласман на Мундијалот во Шпанија!