Ќе игра ли ПСЖ во финалето од Купот на Франција?

Во тимот на ПСЖ размислуваат дали да го одиграат финалниот натпревар од Купот на Франција поради тоа што влегува во распоредот на тимот кога ќе се играат средбите од четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Според одредени медиуми клубот одлучил да го одигра натпреварот, но уште нема официјална информација бидејќи претходно беше објавено дека ПСЖ ќе се повлече од финалето и ќе го отстапи местото на Нант.

Како причина за ваквото отстапување се натпреврите против Кил во Лигата на шампионите на 12 и 19 мај и желбата да се одигра најдобро што може и да се обезбеди пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Финалето на Купот на Франција треба да се одигра на 15 мај, а ривал е составот на Монпелје.