Ќе грми на трибини – Македонците ја окупираа „Таурон Арена“ (ФОТО)

Македонија вечерва го започнува настапот на осмото Светско првенство во Полска и Шведска, а ривалот е Норвешка.

Избраниците на Кире Лазаров ќе имаат голема поддршка од трибините во „Таурон Арена“.

Денес во Краков најголемиот дел од македонските навивачи веќе пристигнаа, а дел  ќе пристигнат викендов за преостанатите два дуели, против Холандија и Аргентина.

„Фалангата“ ја окупираше „Таурон Арена“ и со нетрпение го очекува вечерашниот дуел против селекцијата на Норвешка.

Македонските навивачи ја „окупираа“ Таурон Арена

Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка ќе стартува со почеток од 20:30 часот.