Ќе го препознаете ли? Како изгледаше Тимур Дибиров пред 15 години (ФОТО)

Левото крило Тимур Дибиров е еден од ракометарите со најдолг стаж во аткуелтниот ростерот на европскиот шампион Вардар заедно со капитенот Столе Стоилов.

Рускиот репрезентативец ја минува седмата сезона во „црвено-црниот“ тим по доаѓање во 2013 година, кога започна ерата на Сергеј Самсоненко во Вардар.

Дибиров ја почна кариерата во Ставропол, потоа играше за Лада Тољати, пред да се пресели во Чеховски Медведи во 2004 година и таму остана девет сезони.

Дали ќе го препознаете руското крило на фотографиите од пред петнаесетина години во дресот на „мечките“ од Подмосковието.