Ќе биде спремен за Вардар – Јагањац се врати на терените по осум месеци

Хрватскиот репрезентативец Халил Јагањац по долгата пауза, која беше околу осум месеци, му се стави на располагање на бундеслигашот Рајн Некар.

25-годишниот екс член на Металург во декември минатата година имаше операција на рамото и мораше да паузира подолг временски период.

Поради тоа, левиот бек на Хрватска не беше во можност да им помогне на „коцкестите на Светското првенство во Полска и Шведска.

Тимот на Рајн Некар со камбекот на Јагањац ќе биде посилен за квалификацискиот двобој против Вардар во рамки од Лигата на Европа.

Победникот од дуелот меѓу Рајн Некар и Вардар ќе обезбеди пласман во групите од второто по ранг европско клупско натпреварување и ќе игра заедно со данскиот Силкеборг, шпанската Ла Риоха и српската Војводина.

Вардар го пречекува Рајн Некар на 26 август во СЦ „Јане Сандански“, додека реваш средбата е закажана за 3 септември во Хеиделберг.