Ќе биде ли трета среќа: Ракометарките ќе ги играат квалификациите во нов термин!

Најпрво беа најавени термините од 17:45 и 19:45, вчера беа променети во 12 и 14 часот, а денеска има трета промена на саатниците за квалификациските натпревари што ќе ги играат сениорките за пласман во баражот за СП.

Поради најавениот полициски час за време на викендот од 17 часот, беа променети термините и сениорките требаше да играат против Исланд, Литванија и Грција на пладне. Но откако стана јасно дека полицискиот час ќе биде само од 22 часот, имаше нова промена на термините.

Средбите ќе бидат на програмата од 17 и од 19 часот, па ќе има доволно време до 22 часот сите да завршат со обврските. Квалификацискиот турнир за пласман во баражот за СП, на кој покрај Македонија ќе играат Исланд, Литванија и Грција ќе се игра од 19 до 21 март во СЦ „Борис Трајковски“, а првопласираните две селекции ќе обезбедат место во баражот.

Македонската репрезентација сите натпревари ќе ги игра од 17 часот.