Ќе биде возбудливо во Прва Лига: Алкалоид, Голден Арт и Јуниор КВ во иста група!

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија без извлечени групите пред стартот на новата сезона во Првата лига.

Во споредба со лани кога имаше 16 екипи, сега има 19, а не се пријавија екипите на Риниа и Делчево кои беа дел од лигата. Нов тим е Алкалоид.

Во групата А и групата Б, ќе се одиграат по 18 кола во систем дома-гости во регуларниот дел.

Најдобрите пет од двете групи формираат плеј-оф група, додека останатите ќе играат во плеј-аут. Во плеј-оф и плеј-аут се пренесуваат бодови и резултати од регуларниот дел, а ќе бидат одиграни дополнително уште 10 кола меѓу екипите што не играле меѓусебе во регуларниот дел.

Трите екипи што имаат највисоки амбиции во новата сезона – Голден Арт, Јуниор КВ и Алкалоид ќе бидат во иста група Б и ќе биде интересно да се следат возбудувањата во прволигашката конкуренција.

Тука се незгодните Драчево, амбициозниот Вардар Неготино, довчерашниот суперлигаш Младост, засилениот Борец во групата А, па ниту таму нема да бииде неинтересно.

Првото коло ќе се одигра на 18/19 септември.

Група А: Работнички, Младост, Шампион, Драчево, Вардар Неготино, Јехона, Преспа, Борец, Партизан Гевгелија

Група Б: Голден Арт, Јуниор КВ, Астраион, Аеродром, Металург РА, Куманово, Текстилец, Македонија ЃП, Кичево, Алкалоид

Прва лига, 1 коло:

Работнички – Драчево
Шампион – Вардар Неготино
Јехона – Младост
Партизан – Борец
Аеродром – Куманово
Кичево – Астраион
Текстилец – Македонија ЃП
Алкалоид – Металург РА
Голден Арт – Јуниор КВ