Љубомир Врањеш ја заврши тренерската кариера!

Еден од легендите на Шведска, Љубомир Врањеш, во изјава за германските медиуми истакна дека нема намера да продолжи во тренерските води.

Новиот спортски директор на Флеснбург дефинитивно се повлекува од спортските терените и во иднина ќе биде целосно посветен на неговата нова функција.

Швеѓанецот со српско потекло најголемиот дел од својата кариера ја помина во Фленсбург, таму беше играч, потоа стана тренер, ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезона 2013/14 и од претстојната сезона ќе има нова улога во некогашниот европски шампион.

„Не сакам да се вратам на клупата на Флензбург. Целта ми е да останам на функцијата спортски директор на клубот во наредните десет години“, изјави Врањеш.

Поранешниот ракометар во својата тренерска кариера го предводеше Фленсбург седум години. Беше тренер и на Кристијанштад од Шведска и унгарскиот гигант, Веспрем, но со ниту една од двете екипи не забележа резултати за пофалба, односно не ги оствари зацртаните цели на европска сцена.

Последниот тренерски ангажман го имаше во францускиот суперлигаш Ним. На репрезентативно ниво, краток период беше селектор на сениорски репрезентации на Србија, Унгарија и Словенија.