Јуркиевич ја заврши сезоната, но заврши и со Келце

Ракометарот на Келце кој веќе има 38 години, а од 2017 година настапува за оваа екипа, Мариуш Јуркиевич, ја заврши сезоната на самиот почеток на вториот дел. Тој се повреди на средбата против Монпелје и го очекува долга пауза.

Откако беа извршени детални прегледи на повреденото колено резултатите се пооптимистични од првичните прогнози за скинати лигаменти и оштетување на менискусот. Сепак, за секој случај на Јуркиевич му е потребна операција.

Сигурно е дека ветеранот на Келце нема да се врати на терените до крајот на сезоната, а како што најавуваат полските медиуми договорот кој му завршува на крајот на сезоната на Јуркиевич нема да му биде продолжен од Келце.

Со оглед на тоа што претходно двапати имаше проблеми со ваква повреда неизвесно е дали Јуркиевич воопшто ќе се врти на ракометот после заздравувањето од повредата. Доколку се одлучи на таков чекор ќе мора да си бара нов клуб за наредната сезона.