Јотиќ упати бомба, Морено Цар остана во место (ВИДЕО)

Вардар забележа минимална, но заслужена победа против составот на Нексе од 27:26, а малку беше потребно за овој дуел победата да биде далеку повисока.

Сепак, од средбата има неколку моменти кои заслужуваат да бидат одбележани бидејќи момците од „црвено-црниот“ табор имаа атрактивни потези.

Еден таков беше и голот на Ловро Јотиќ уште на стартот од средбата за 4:0 кога неговиот сонародник Морено Цар не ја ни виде топката која влезе во голот.

После овој натпревар тимот на Вардар има вкупно четири поени со кои е на лидерското место во Групата Б од СЕХА лигата така што ги контролира работите и е на вистинскиот пат во регионалното натпреварување.